Италијанската компанија потврди дека следната година на автомобилскиот саем во Женева ќе биде претставена сериската изведба од Maserati Alfieri.
Концептот Alfieri беше изложен во 2014, но серискиот модел беше неколку пати откажуван или одложуван поради реструктуирање на планот на Fiat Chrysler групацијата. Сепак, ова конечно ќе заврши кога моделот Alfieri ќе биде лансиран на пазарот во 2021 или 2022 – 12 или 24 месеци по неговата премиера.
Најновите информации кажуваат дека спортскиот модел ќе биде поставен на алуминиумска шасија и ќе биде понуден како благ хибрид, plug-in хибрид или целосно електричен автомобил со три електрични мотори, погон на сите четири тркала, векторирање на вртежниот момент и батерии од 800 волти.
Според производителот, Alfieri ќе биде првиот спортски луксузен електричен купе/кабрио автомобил, кој ќе нуди забрзување од 0-100 км/ч за околу 2 секунди и максимална брзина над 300 км/ч.