Aurus Senat – Сега и Вие можете да се возите како Путин! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aurus Senat – Сега и Вие можете да се возите како Путин!

Aurus е руски автомобилски бренд кој можеби ќе ви звучи познато. Сигурно барем еднаш сте ја погледнале претседателската лимузина на Владимир Путин и сте се запрашале „каква кола ли е ова?“. Еве го вашиот одговор – основата е Aurus Senat Limousine, кој сега влегува во сериско производство и веќе се очекуваат првите нарачки.

На штандот на Aurus на авто-саемот во Женева може да се видат двете верзии на Senat – седанот и лимузината, кои позајмуваат многу дизајнерски детали од знаменосецот на луксузните автомобили – Rolls Royce.

Екстериерот е доста воздржан од храбри детали, додека внатрешноста е – благо кажано – чист луксуз. Насекаде низ ентериерот ќе наидете на премиум кожа, вистинско дрво и метални површини, комбинирани со дебели теписони во кои ви пропаѓаат чевлите. Покрај ваквиот old-school пристап кон луксузот, во Aurus Senat ве пречекува и модерна технологија како големи дисплеи за патниците позади, дигитални инструменти на централната конзола, но и централен мултимедија систем кој се проектира на внатрешноста од ветробранското стакло – ваше сопствено мини кино.

Како и Rolls Royce, и Aurus нуди екстензивна листа на персонализации во ентериерот. Она што не може да се персонализира се моторот и менувачот: единствено можете да нарачате 590-коњски V8 хибриден бензински мотор со 880 Nm вртежен момент!

Aurus ќе цели кон произведување 5000 Senat лимузини и седани годишно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.