full screen background image
Search

Aston Martin Valkyrie ќе има V12 Хибриден погон со 1,160 кс!

Aston Martin Valkyrie е најавен како хиперавтомобил уште во 2017, но се до сега, многу малку детали беа објавени за него.

На почетокот, кога беше најавен, хибридниот систем во Valkyrie беше планиран да испорачува 1,000 кс, а потоа со развојот на возилото тие се зголемија на 1,130 кс, а сега Aston Martin ги објави деталните спецификации на неговиот агрегат.

Според тоа, хибридниот хиперавтомобил ќе користи мотор со внатрешно согорување кој работи во комбинација со систем од батерии произведен од Rimac, што ќе функционира како KERS систем и електричен мотор.

Самостојно, природно-аспирираниот 6.5-литарски V12 агрегат создаден од Cosworth развива 1,000 кс при 10,500 вртежи и 740 Nm вртежен момент при 7,000 вртежи во минута. Агрегатот има опсег на работа до максимални 11,100 вртежи во минута, што е новитет за природно-аспириран патнички автомобил.

Електричниот мотор со KERS му помогнува на агрегатот со дополнителни 160 кс и 280 Nm вртежен момент, доведувајќи ги вкупните бројки до 1,160 кс и 900 Nm.

Сепак, Valkyrie е сеуште во развојна фаза, а Aston Martin не планира да го заврши уште неколку години. Кога ќе биде направен, тој ќе биде произведен во вкупно 150 примероци, а ќе биде достапен во четири различни изведби: AMR Track Performance, Ultimate, Mantis и Spirit.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.