full screen background image
Search

Subaru Viziv Adrenaline Concept плени со храбар и агресивен дизајн

Subaru го разоткри Viziv Adrenaline Concept, кој е првата студија направена по најновиот дизајнерски јазик на брендот.

Со новата филозофија, Subaru сака да ја прошири перспективата кон нивните модели, похрабро да ги истакне карактеристиките на возилата и да создаде позабавна атмосфера за сите патници.

Концептот со неговата моќна појава изгледа како компактен автомобил припремен да се справи со предизвиците на „Dakar“. Значително подинамично стилизиран од актуелните модели на Subaru со каросерија извајана од мускулести облини и храбри линии, додека LED светлата се составени од остри форми.

Моделот е замислен да ја комбинира секојдневната практичност со теренската способност која го овозможува задоволството за возење насекаде. Тоа најверојатно сугерира поголеми можности на неасвалтираните терени од стандардните кросовери.

Јапонскиот бренд не објави дали ќе биде претставен сериски модел базиран на оваа дизајнерска студија, но ние се надеваме дека идните модели на Subaru ќе го присвојат овој похрабар дизајнерски јазик.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.