Volvo наскоро ќе има нов продажен салон во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo наскоро ќе има нов продажен салон во Македонија

На денешната средба со медиумите, тимот на Volvo Cars Macedonia најави дека новиот Volvo Centar е во завршна фаза на изградба и ни кажаа дека наскоро ќе го знаеме и датумот на официјалното отворање на салонот.


Новиот Volvo Centar е „при крај“ и наскоро ќе ја знаеме официјалната дата на неговото отворање. Ова ќе биде првиот салон на Volvo Cars во Македонија кој е изграден според светските стандарди кои ги наметнува шведскиот бренд. Со лансирањето на овој салон, Македонија ќе добие рамноправно место на светската мапа на Volvo Cars и ќе ги пречека клиентите и купувачите во ултра-модерен објект и простории дизајнирани специјални за шведскиот бренд.

Дополнително, ни кажаа дека новиот караван со ознатака V60 е веќе достапен за тест-возење. Новиот V60 веќе се нуди на нашиот пазар по цена од 47.300 евра за модел опремен со турбодизел мотор со 150 коњски сили. Наскоро и ние ќе го возиме новиот V60 и со задоволство ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Сите оние кои се заинтересирани за V60 можат да го посетат постоечкиот салон на Volvo Cars Macedonia на ул. Перо Наков бр. 25, или пак да закажат тест возење преку интернет.

Ги потсетуваме постоечките сопственици на Volvo, на повикот на Volvo Cars Macedonia да ги посетат и да добијат бесплатен преглед и компјутерска дијагностика, како и да се запознаат со нивниот нов Volvo сервисен советник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.