full screen background image
Search

Премиера: Alpina B7 xDrive e уште побрза и полуксузна BMW Серија 7

Alpina ја претстави нивната суперлимузина базирана на обновената BMW Серија 7 на автомобилскиот саем во Женева.

Потенцијалните купувачи на Серија 7 сега ја добиваат најсилната верзија наречена Alpina B7 xDrive, која ќе започне со продажба во втората половина од оваа година. Срцето на моделот е 4.4-литарски V8 агрегат со 600 кс и 800 Nm вртежен момент, овозможувајќи му да забрза од 0-100 км/ч за само 3.5 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 330 км/ч.

За подинамични перформанси, B7 xDrive доаѓа со подобрен систем за сопирање со поголеми дискови, Michelin пневматици со високи перформанси и систем за погон на сите тркала рекалибриран да понуди поагилни реакции.

Веднаш препознатлив по специфичниот стил на Германската тјунинг компанија, моделот доаѓа со дополнителен преден дифузер, заден лип спојлер над багажникот, овални издувни цевки, 20-инчни алуминиумски фелни со дизајн со многу краци и опција за ексклузивни сина и зелена металик бои.

Во внатрешноста Alpina B7 xDrive е обвиен со Nappa кожа, а е сериски опремен со мултифункционални комфорни седишта, детали од керамика и врати со меко затварање. Како опција се понудени и head-up дисплеј во боја, камера со поглед кон назад и најновиот iDrive 7 систем.

Сепак, тјунерот додал неколку свои елементи како рачно изработени површини од високо квалитетна Lavalina кожа, плави и зелени зашивки на спортскиот волан, специјални ознаки и индивидуална сериска плочка, нов Alpina дизајн на дигиталната инструмент табла, прагови на вратите со сино осветлување и подобрен акустичен комфор.

Листата на опции за опремување на моделот е навистина масивна и опфаќа уште многу останати елементи, кои ќе го направат B7 xDrive уште полуксузен и побезбеден.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Сo Concept 4, BMW ја најавува новата Серија 4



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.