Новата BMW Серија 3 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата BMW Серија 3 пристигна во Македонија!

Новата BMW Серија 3 тукушто пристигна и кај нас и веќе е изложена во салонот на BMW во Скопје!

Новата „Тројка“ пристигна! Автомобилот кој е своевиден бенчмарк кога станува збор за спортските седани е секогаш интересен за оние кои ги сакаат автомобилите, и со радост можеме да кажеме дека пристигна и во салонот на BMW во Скопје.

Изложениот примерок е во прекрасна сина боја и има многу, многу дополнителна опрема – секако, тука е одличниот M Sport пакет, а мораме да ги напоменеме и големите тркала, многуте системи за асистенција, LED предните и задни светла и уште многу, многу повеќе.

Инаку, ние веќе ја познаваме новата Тројка – имавме одлична можност да ја возиме на светското лансирање на најновата генерација уште минатата година во Португалија. На тамошното возење имавме можност да седнеме зад управувачот на 320d, бензинскиот 330i, како и моќниот M340i xDrive. Првичните впечатоци беа дека се работи за навистина компетентен и забавен спортски седан кој може да го понуди најдоброто од сите светови – секако, повеќе ќе дознаеме кога ќе имаме можност потемелно да ја тестираме новата Серија 3.

Цените на новата Тројка започнуваат од 41.100 Евра, а за повеќе информации посетете го салонот на М-Кар во Скопје.

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.