full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Minimo електричниот концепт на SEAT е визија која ќе стане реалност во 2021!

SEAT го искористи Mobile World Congress во Барселона да ја покаже својата визија за иднината на урбаната мобилност – и веќе потврдија дека Minimo кој ја носи титулата „концепт“ сепак ќе оди во сериско производство, и тоа за само две години!

Замислата која SEAT ја има за електричниот Minimo е успешно да ги искористи компактните димензии на моторцикл и да ги искомбинира со комфорот и безбедноста кои ги нуди конвенционалниот автомобил. Minimo е долг само 2.5 метри и широк само 1.24 метри, и зазема само 3.1 квадратен метар површина – помалку од една половина од она кое го зазема конвенционален градски автомобил.

SEAT Minimo доаѓа со целосно затворена кабина која нуди 1+1 конфигурација за седење, а вратите се асиметрични и замислени да можат да се отворат во што е можно помал простор.

Електричниот Minimo користи батерија која може да биде заменета „за само неколку секунди“, а тоа пак му овозможува брзо и лесно да го продолжи патувањето без да се губи време на полнење на батериите. Инженерите од SEAT кажуваат дека Minimo ќе може да помине повеќе од 100 километри со едно полнење на батеријата – повеќе од доволно за урбано возило.

Дополнително, Minimo добива интересни технологии – на пример, ќе користи дигитален клуч и целосно е интегрирана Android Auto функционалноста, а тоа – според SEAT – го прави да биде особено интересен за услуги за споделување на возила. Од SEAT кажуваат дека Minimo е од самиот старт развиен да добие автономност од четврто ниво – односно кога тие технологии ќе бидат подготвени и активни, возилото ќе може само да отиде кај корисникот и да го однесе онаму каде сака.

Поврзано:   ГАЛЕРИЈА: 2019 Авто Плус Street Show


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.