full screen background image
Search

Corolla во Европа добива специјални GR Sport и Trek изведби

Toyota подготви две специјални изведби на новата Corolla – едната ја добива ознаката GR Sport, додека другата е во соработка со производителот на велосипеди Trek!

Toyota Corolla GR Sport може да се добие како хечбек или караван, и може да се добие со 1.8-литарскиот или 2-литарскиот хибриден погон. Оваа верзија добива затемнета маска на ладилникот, специјални странични прагови и панели, како и заден дифузер. Добива двобојна комбинација во Dynamic Grey сива и црна боја, спортски 18-инчни тркала, LED предни светла и светла за магла, како и затемнети задни стакла.

Дополнително добива црни седишта со странична поддршка, како и црвени и црни опшивки на управувачот, рачката од менувачот и околу панелот со инструменти, а купувачите ќе можат да нарачаат и ентериер кој е целосно обвиен во кожа.

Во соработка со производителот на велосипеди Trek, Toyota ја подготви Corolla Trek. Ќе се нуди со истите погонски единици како и Corolla GR Sport, а добива дополнително оддалечување од подлогата за 20 милиметри, кросоверски детали на предниот и задниот дел, црни странични заштитни панели, 17-инчни тркала, LED светла и уште некои ситници.

Испораките се очекува да започнат во текот на оваа година. Новата Corolla е веќе пристигната во салонот на Toyota во Скопје – погледнете фотографии и видео од изложениот модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.