full screen background image
Search

Porsche ја проширува својата платформа за полнење во уште пет европски земји

Германскиот производител тукушто објави дека услугата за полнење електрични возила сега ќе биде достапна и во Велика Британија, Франција, Шпанија, Норвешка и наскоро Италија.

На самиот старт, Porsche Charging Service апликацијата беше достапна во Германија, Австрија, Белгија, Холандија и Финска, а сега е достапна и во Велика Британија, Франција, Шпанија, Норвешка и наскоро ќе биде достапна и во Италија.

Porsche Charging Service е всушност дигиталната платформа на Porsche која го наоѓа најдоброто место за полнење за секој автомобил. Наместо корисниците да користат различни провајдери на услугата за полнење, можат да се регистрираат во системот на Porsche и да го користат нивниот систем за плаќање кој користи фиксна цена за секој пазар – а сето тоа значително го олеснува процесот.

Апликацијата е бесплатна и ќе ги однесе возачите до повеќе од 49.000 точки за полнење – и може да го направи тоа преку Google Maps на мобилен уред, или пак преку системот за навигација во самиот автомобил. Плаќањето се врши преку QR код или преку Porsche ID картичка која сите регистрирани ја добиваат.

Експанзијата на Porsche Charging Service е уште еден индикатор за насоката во која се движи германскиот бренд – тие веќе нудат плаг-ин хибридни верзии на Panamera и Cayenne, но на пазарот наскоро ќе пристигне и електричниот Taycan. Се очекува хибридната и електрична понуда на Porsche да биде дополнително зголемена, па сосем е јасно зошто Porsche настапува толку амбициозно и посветено кон системите за полнење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.