Alfa Romeo е подготвена за Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo е подготвена за Женева!

Alfa Romeo се враќа во F1 како самостоен производител – тимот ќе го носи името „Alfa Romeo Racing“ и веќе се познати и возачите кои ќе управуваат со сосема новиот болид. Antonio Giovinazzi ќе биде тимски колега на живата мотоспорт легенда – Kimi Raikkonen. Ова е информација со која челниците на Alfa Romeo неизмерно се гордеат, па така, покрај сериските модели на италијанскиот производител, на штандот на автосаемот во Женева, посетителите ќе може да го погледнат и самиот F1 болид.

Во чест на враќањето на Alfa Romeo на F1 патеките, презентирани се и посебни верзии на моделите „знаменосци“ – Giulia Quadrifoglio „Alfa Romeo Racing“ и Stelvio Quadrifoglio „Alfa Romeo Racing“. Имаат идентична „графика“ како и F1 болидот, и во сериска опрема ќе бидат вклучени сите карбонски додатоци кои во обичната Quadrifoglio верзија се во листата на дополнителна опрема за нарачка. Целиот пакет е заокружен со Akrapovic титаниумски издувен систем – ако сте слушнале како звучат 2.9 литарските мотори на Alfa, ќе знаете зошто со нетрпение очекуваме да го чуеме новиот звук.

На штандот во Женева ќе бидат претставени и Turismo Internazionale (ili Ti) верзиите на Giulia и Stelvio. Ова е пакет на опрема кој во изминатите модели стоеше веднаш под најопремените автомобили, и се очекува да биде доста популарен кај купувачите. Идејата е Ti моделите да имаат речиси сè од дополнителна опрема, да позајмуваат детали од Quadrifoglio моделите (како прагови со позадинско осветлување, карбон-алкантара воланот, црниот кров, ретровизорите…) и сето тоа да го комбинираат со релативно „цивилен“ агрегат со 280 коњски сили и погон на сите тркала. Ti моделите ќе имаат и посебни, 19 и 20-инчни тркала.

Поврзано:  Alfa Romeo го најави Junior Veloce со 280 коњски сили!

Претставени се и два нови пакети на опрема за Giulietta, за која се шпекулира дека наскоро ќе добие замена. Новите пакети сериозно ја збогатуваат листата на опрема, па заедно со привлечната цена, ја прават Giulietta уште попривлечна за купувачите. Иако веќе неколку години стар модел, динамичната шасија и огромната листа на стандардна опрема значат одлична зделка за нов автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.