ПРЕМИЕРА: BMW ги претстави X3M и X4M со по 480 коњски сили, односно и Competition верзиите со 510 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW ги претстави X3M и X4M со по 480 коњски сили, односно и Competition верзиите со 510 коњски сили!

Производството ќе започне во Април – и новите два супер-SUV модели во гамата на BMW ветуваат импресивни перформанси!

Новите BMW X3М и X4M користат нов 3-литарски твин-турбо бензинец со шест цилиндри кој испорачува 480 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку 8-брзински M Steptronic менувач кон сите четири тркала (со наклонетост кон задните тркала, секако) – а сето тоа значи катапултирање „до стотка“ за 4.2 секунди и максимална (електронски ограничена) брзина од 280 километри на час.

Сакате повеќе? Тука се X3M и X4M Competition – овие верзии имаат по 510 коњски сили и 600 Nm вртежен момент – и тука катапултот до 100 километри на час трае 4.1 секунда, додека максималната брзина е 284 километри на час.

Секако, доработена е и суспензијата со надградени и подобрени компоненти, зајакната е шасијата и додаден е и Active M Диференцијал, Адаптивна М Суспензија и M Servotronic управување со варијабилен однос. Вградени се и нови сопирачки со 395-милиметарски дискови напред и 370-милиметарски дискови позади. М-моделите ќе ги препознаете по поагресивните браници, црната маска на ладилникот и многуте други детали кои ги издвојуваат од „обичните“ верзии. Конечно, Competition верзиите добиваат 21-инчни тркала и M Sport спортски издув со црни завршетоци.

Кабината добива специјални седишта, детали од алуминум и карбон, специјален управувач и засебни инструменти, спортска рачка на менувачот и уште многу, многу други ситници.

Нарачките се веќе отворени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.