Volkswagen сака да покаже дека покрај сериозните автомобили, сè уште знае да прави и забавни, несекојдневни нешта – и токму тоа ќе го направи со Buggy концептот кој ќе го покаже во Женева!
Концептот ќе биде претставен во Женева, а Klaus Bischoff – главниот дизајнер во Volkswagen – кажува дека „Buggy е многу повеќе од возило. Тоа е сила и енергија на четири тркала. Овие атрибути се отелотворени со новиот e-buggy кој покажува како модерна, не-ретро интерпретација на еден класичен автомобил може да изгледа, но уште поважно, ја покажува емотивната врска која електричната мобилност може да ја создаде.“
Интересно е дека Volkswagen за e-Buggy ќе ја користи MEB платформата која веќе ја користи за електрични автомобили, а тоа мооооожеби на некој начин сугерира дека германскиот бренд мооооооожеби размислува да го пушти овој концепт во сериско производство. Можеби. Во секој случај, Volkswagen веќе размислува следната Буба да биде електрична – и поставена токму на MEB платформата.
Многу повеќе ќе знаеме наскоро, со почетокот на Саемот на Автомобили во Женева на почетокот на Март.