Пристигна и караванската изведба на новиот KIA Ceed – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна и караванската изведба на новиот KIA Ceed

Во салонот на KIA Моторс Македонија веќе е изложен новиот KIA Ceed SW.

Караваните повторно се враќаат во тренд – купувачите ја разбираат и ценат практичноста на ваквите автомобили, и токму се јавува зголемен интерес за нив. Новиот KIA Ceed SW е токму таков автомобил – практичен караван кој истовремено изгледа современо и нуди мноооогу простор.

Разликата меѓу обичниот Ceed и караванската изведба започнува некаде по задните врати – караванот е секако подолг, со поправилен отвор на багажникот и уште повеќе простор во него. Поточно, KIA Ceed SW нуди 205 литри повеќе багажен простор од хечбекот – односно дури 600 литри!

Понудата на мотори е истата како кај хечбекот – основниот мотор е 1.4-литарскиот MPi (кој неодамна го возевме токму кај хечбекот), а можете да добиете и 1-литарски T-GDI турбо-бензинец, како и 1.4-литарски турбо-бензинец или 1.6-литарски турбодизел. За повеќе информации, обратете се во KIA Моторс Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.