full screen background image
Search

Еуроимпекс е единствен импортер со две продажно-сервисни локации во Скопје

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје, покрај дилерската мрежа на територија на Република Македонија. Опстојува 28 години на пазарот и им нуди на своите клиенти сервисирање, дијагностика, акциски понуди за оригинални резервни делови вклучувајќи и работна рака, лимарски услуги и специјални пакети за возила постари од 5 години со програмата 5+, вклучувајќи ја и понудата на Eurorepar резрвни делови.

Компанијата Еуроимпекс која опстојува 28 години на пазарот ја претставува својата втора продажно/сервисна импортерска точка во Скопје преку еден од членовите на менаџерскиот тим Ванчо Каламадевски, национален технички советник и раководител на сервисниот центар на локација Скупи, кој ги истакнува услугите и производите кои ги нуди сервисниот центар на пазарот преку неговото раководење во истиот.

„Во оваа компанија сум веќе 11 години и од секогаш се работело по веќе зададени правила, стандарди и начини на работа. Нудење на беспрекорна услуга и начин на комуницирање со клиентите, употребата на оригинални резервни делови и нивна гаранција. Клиентот кој стои пред вас има високи очекувања од услугата и производот посебно затоа што вие го претставувате Брендот Peugeot и ја извршувате функцијата на Овластен сервисен центар. Тука нема простор за „грешки“, затоа и одговорноста е уште поголема. Претставува вистинско задоволство, мотивација и предизвик да се раководи со еден ваков сервисен центар“ изјавува Ванчо Каламадевски.

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две продажно/сервисни точки во Скопје и дилерска мрежа на територија на Република Македонија. Во моментов импортерска точка на локација Скупи 3А брои 6 лица и опслужуваат функции како продажба на возила, сервисирање и магацинско работење,…. и се достапни за сите клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Кажете му „Здраво“ на новиот Peugeot 208!

За разлика од продажно сервисната точка во Лисиче на Бул. Трета Македонска Бригада, на оваа локација Ул. Скупи 3А, копманијата нуди и сервисирање и проверка на возила од сите автомобилски брендови, на тој начин претставуваат мултифункционален сервисен центар. Нивниот тим е составен од стручни лица и е образован и обучен да може да ги опслужи сите клиенти кои имаат потреба од сервисирање на возила, дијагностика, оригинални резервни делови и тјунирање.

А посебно истакнуваат дека нудат и резервни делови од нивниот најнов партнерски Бренд – EUROREPAR, кој е всушност „мулти-бренд“ за резервни делови, сервисирање, одржување и поправка комбинирајќи квалитет, цена и перформанси. Препорачан од Принципалот Automobiles Peugeot, а понудува производи за онаа целна група која е со помала куповна моќ и сака да вгради високо квалитетни делови кои се од потрошен материјал (филтри, ребраст ремен со затегачи, водна пумпа, дискови, лагери, плочки итн). Сите резервни делови од програмот Eurorepar имаат 2 годишна гаранција.

Ванчо Каламадевски, за оние сопственици на возила кои ги носат своите автомобили во приватни гаражи наместо во овластени сервисни центри истакнува: „Не секој сопственик на автомобил го третира своето возило на ист начин. Секако дека клиентот е тој кој одлучува на кој начин ќе се грижи за своето возило и аналогно на таа грижа, колку тоа возило ќе врати назад во истата мера на издржливост, трајност итн. Наша задача како професионалци е да го советуваме клиентот најдобро што можеме и да му ја објасниме важноста од сервисирање на своето возило во Овластени сервисни центри. Од многу причини.
Ако сакаме производот да биде со подолг век на употреба и да можеме поретко да го враќаме на сервис треба да размислиме за одлуката каде и како да го сервисираме. Употребата на оригинални резервни делови, гаранцијата која ја нудиме и сигурноста дека на вашиот производ работат „стручни раце“, кои поминале обука, знаење и искуство да најпрво го препознаат вистинскиот проблем а потоа да знаат со кои методи е најдобро и најдолготрајно да тој „проблем“ го решат се со цел комплетно задоволување на потребите и очекувањата на странката. Секако дека финалната одлука ја има сопственикот на возилото.“

Дилерската мрежа на Еуроимпекс е распространета во 4 градови во Републиката. Дилерски центар во Скопје – СИТИ КАР, Гевгелија – БОНДИ, Тетово – АВТО ЧАЈКА и Штип – АВТО ЧАЈКА 2 и секако двете импортерски локации: Локација 1: Бул.Трета Македонска Бригада бр. 72, Скопје; Локација 2: Ул. Скупи 3А, Скопје.

Поврзано:   Популарниот Peugeot 3008 е најпроизведуваното возило во Франција минатата година

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.