full screen background image
Search

Hyundai го зајакнува WRC тимот со Sébastien Loeb и Daniel Elena

Деветкратниот шампион Loeb потпиша двегодишен договор, а со него доаѓа и совозачот Daniel Elena.

Како дел од договорот, Loeb ќе настапи во 6 релија следната година, и тоа во Hyndai i20 Coupe WRC, заедно со неговиот долгогодишен совозач Daniel Elena. Првиот настап ќе биде на Rallye Monte Carlo во Јануари.

Французинот во својата кариера има 79 WRC победи, а за прв пат ќе седне зад управувачот на Hyundai i20 Coupe WRC пред самиот старт на Rallye Monte Carlo. Dani Sordo доби едногодишно продолжување на договорот и ќе вози на 8 релија во 2019. Ова ќе биде негова шестта последователна сезона со Hyundai Motorsport. Sordo нема преголем успех со Hyundai – минатата година имаше пет финиши на топ пет позиции и само два подиумски финиши.

Loeb и Sordo се долгогодишни познаници, а беа и тимски колеги од 2007 до 2010. Тимот на Hyundai ги вклучува и Thierry Neuville и Andreas Mikkelsen, a Hyundai разговара и со можно приклучување на Hayden Paddon во тимот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.