full screen background image
Search

Mitsubishi се подготвува за Dakar со Eclipse Cross

Зад управувачот ќе биде 27-годишната Cristina Gutierrez, која ќе биде главниот возач на тимот од Mitsubishi Motors Шпанија.

DAKAR 2019 ќе се одржи од 6ти до 17ти Јануари следната година, а за него Mitsubishi подготвува специјално-подготвен Eclipse Cross под името T1 Silhouette Racer. Кристина има само 27 години, а совозач ќе и биде 26-годишниот Пабло Хуенте.

Сега за сега немаме никакви информации за тркачкиот Eclipse Cross, но сигурни сме дека автомобилот има претрпено сериозни модификации за да може да го издржи DAKAR – сепак тоа е едно од најтешките и најбескомпромисните настани на планетава. Следниот Дакар ќе се одржи во Перу, каде ќе бидат поминати повеќе од 5000 километри, 70% од кои ќе бидат на песок.

Своевремено, Mitsubishi доминираше на DAKAR релито. Јапонскиот производител има дури 12 победи, од кои 7 беа последователни со Pajero од 2001-ва до 2007-мата година. Интересно е дека првата жена-победник на Дакар беше Jutta Kleinschmidt, и тоа во 2001-вата година. Последната победа на Mitsubishi беше во 2007-мата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.