Шведскиот бренд повторно објави интересно рекламно видео, но наместо за моделите на камиони, овојпат за своите ескаватори.
Volvo е познат по објавувањето на комични и иновативни видеа за промовирање на своите производи, a таков е случајот и тука. По шпагата на Жан Клод Ван Дам на два камиони, сега Долф Лундгрен е главниот тренер кој им дава наредби на “работниците“ да прават физички вежби.
Погледнете го видеото и уживајте!