full screen background image
Search

Цените на горивата конечно одат надоле!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – новите цени се пониски за меѓу 1.5 и 3.5 денари!

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.96%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 3.5 денари, и еден литар „98-ца“ ќе чини 73 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 3.00 денари, и еден литар ќе чини 71.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 67.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.