full screen background image
Search

Новата Cupra Ateca е побрза од првично најавеното!

Првиот модел на новиот Cupra бренд наскоро ќе пристигне во салоните ширум Европа – и може да се пофали со 300 коњски сили!

SEAT направи малку неочекуван избор – и одбра првиот модел на Cupra брендот да биде токму популарниот SUV со името Ateca. Но со оглед на популарноста на ваквите модели, а особено на Ateca, не е толку изненадувачка одлуката на шпанскиот бренд.

Cupra Ateca треба да пристигне во салоните во Европа до крајот на оваа година, па SEAT објави нови фотографии и нови детали од спортскиот теренец. Во сржта на Cupra Ateca е 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили при 3000 вртежи во минута и 400 Nm вртежен момент од 2000 до 5200 вртежи во минута.

Силата се пренесува кон сите четири тркала преку DSG менувач со 7 брзини и 4Drive систем за погон на сите тркала. Благодарение на Launch Control системот, моќниот SUV забрзува „до стотка“ за само 5.2 секунди. Држете ја педалата за гас цврсто притисната до крај и Ateca Cupra ќе постигне максимални 247 километри на час. Овие бројки се нијанса подобри од она што беше објавено при премиерата – тогаш беше објавено дека 100 километри на час ќе се постигнуваат за 5.4 секунди и дека максималната брзина ќе биде 245 километри на час.

Дополнително, Cupra Ateca добива и унапредени сопирачки со поголеми предни и задни дискови, а доколку сакате можете да нарачате и Brembo сопирачки со дијаметар од 18 инчи како дел од Performance Pack надградбата. Ќе добиете и DCC систем за контрола на шасијата, прогресивно управување и редизајнирана суспензија – а сето тоа ветува „суперлативни возни карактеристики и интуитивна врска меѓу возачот и возилото.“

Поврзано:   SEAT го претстави новиот голем SUV - добредојде Tarraco!

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.