BMW подготви M Performance пакет за новиот X5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW подготви M Performance пакет за новиот X5

Баварскиот бренд претстави бројни M Performance додатоци за стилизирање на екстериерот и ентериерот на моделот X5, за купувачите кои сакаат поспортски изглед.

Од надвор, сопствениците на X5 ќе можат да го “накитат“ моделот со многу елементи направени од карбон. Пакетот содржи делови како предни и задни крилца, дифузер, капаци на ратровизорите, странични прагови и рамки на отворите за вентилација. Измените на ектериерот завршуваат со 20-инчни Star Spoke фелни во мат црна боја, и поголеми 22-инчни тркала со истиот дизајн.

За подобрување на перформансите, тука се само M Performance спортски сопирачки. Тие вклучуваат црвени шепи со четири клипови на предната оска.

Ентериерот може да биде збогатен со неколку додатоци кои го прават новиот X5 да изгледа поспортски. Во понуда се нов волан обвиен во Алкантара и црвена линија на врвот, нови лопатки за менување на степените од карбон, како и патосници и педали со ознаката на брендот. Како опција се понудени и светла на вратите кои го отсликуваат M логото на подлогата.

Новиот X5 ќе пристигне во Европските салони во Март 2019, што значи дека веднаш ќе биде достапен да се нарача со M Performance пакетот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.