Jaguar Land Rover отвори нова фабрика во Словачка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar Land Rover отвори нова фабрика во Словачка

JLR тукушто ја отвори својата нова фабрика во Нитра, Словачка – а таму ќе произведува 100.000 автомобили годишно!

Новата фабрика на JLR користи врвни технологии – и е првата фабрика во Европа која користи иновативен Pulse систем за транспорт на делови – и со тоа времето за трансфер е намалено за цели 30%. Во моментов фабриката вработува околу 1500 луѓе, но се планира до крајот на Ноември да бидат вработени уште 850. Сите вработени минуваат низ тренинг програма која трае 12 недели – а благодарение на тоа ќе нудат врвен квалитет.

Инвестицијата во фабриката чини околу 1.4 милијарди евра. На самиот почеток ќе се произведуваат Land Rover Discovery моделите, а понатаму ќе бидат додадени и други модели од гамите на Jaguar и Land Rover.

„Нашата душа останува цврсто втемелена во Обединетото Кралство, но интернационалното ширење го збогатува и го зајакнува нашиот бизнис“ – изјави Dr. Ralf Speth, претседатеот на JLR и додаде – „Денешното отворање на фабриката во Нитра преставува почеток на нова ера во производството на Jaguar Land Rover“.

Шефот на фабриката Alexander Wortberg додаде дека се планира воведување уште еден модел во производната линија поради несигурноста од „тврд“ Брекзит. „Особено важно на глоблано ниво за JLR е решението меѓу ЕУ и Обединетото Кралство да не резултира со тврд Брекзит“ – изјави тој, и додаде – „Започнуваме со еден модел и една смена. Во Ноември ќе вработиме луѓе за уште една смена, која ќе биде подготвена за работа во втората половина од следната година. Годишниот капацитет од 100.000 возила ќе биде постигнат во 2020.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.