full screen background image
Search

Дали Peugeot подготвува 508 R со преку 350 коњски сили?

Според „добро информирани извори“, францускиот бренд подготвува поекстремна изведба од хибридниот 508, која би добила погон на сите четири тркала и преку 350 коњски сили!

Австралискиот Motoring цитира „сениор инсајдер“ кој изјавил дека Peugeot планира да ја освежи R значката за „набилдан“ 508 PHEV. Тоа значи дека оваа спортска верзија најверојатно би се викала Peuget 508 R, и би го користела истиот хибриден погон како и тукушто-претставениот 508 хибрид, но „навиен до 11.“ Тоа значи дека хибридниот погон составен од 1.6-литарскиот турбо-бензинец во комбинација со два електромотори ќе нуди над 350 коњски сили, а дел од рецептот ќе биде и погон на сите четири тркала.

Според ова, можеме да очекуваме забрзување до 100 километри на час за само 4.5 секунди и максимална брзина од околу 250 километри на час. Со оглед на интересот за новиот 508, воопшто не би биле изненадени од ваквата одлука – особено бидејќи главниот дизајнер на Peugeot, Gilles Vidal, веќе сугерираше дека ќе добиеме некоја спортска изведба на францускиот седан.

Останува само да бидеме трпеливи. ;)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.