ПАРИЗ 2018: Honda го претстави својот прв хибриден SUV во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПАРИЗ 2018: Honda го претстави својот прв хибриден SUV во Европа

За прв пат на европско тло, јапонскиот производител Honda претстави хибриден SUV модел – својот CR-V Hybrid. Во следниот месец се очекуваат и првите нарачки во Европа, по големиот успех кој овој хибриден модел го ужива во Северна Америка.

Комбинацијата од 2-литарски i-VTEC бензински агрегат, два електромотори и револуционерен, едно-брзински менувач се компоненти на напредниот Hybrid Performance систем. Менувачот е можеби најголемиот адут на Honda CR-V Hybrid, бидејќи според производителот, придонесува за многу линеарна испорака на вртежниот момент кон тркалата, со што „CR-V, за разлика од конкурентите, нуди порафинирано чувство позади воланот“.

Уште една корисна технологија, која придонесува за намалување на потрошувачката, е Multi-Mode Drive (MMD) системот. Во зависност од условите, MMD системот одлучува дали ќе се користи целосно електричен погон, комбинација (или хибрид) меѓу електричните и бензинскиот агрегат, или пак само 181-коњскиот бензински агрегат.

Потрошувачката се движи од 5.5, до 5.7 литри на 100 километри според производителот, додека емисијата на штетни гасови помеѓу 120 и 126 грама по километар. Пониските бројки се однесуваат на изведбите со погон на предна оска, додека повисоките за изведбата со погон на сите тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.