Premium AGS е новиот дом на Volvo во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Premium AGS е новиот дом на Volvo во Македонија

Volvo има нов дом во Македонија – од неодамна шведскиот бренд е достапен во рамките на Premium AGS, она што до неодамна беше Premium Auto Zentrum.

Нашите домаќини од Premium AGS се пофалија со неколку работи, но за тоа ќе зборуваме повеќе наскоро. Она што е во моментов важно и интересно е дека Premium AGS е новиот застапник за шведскиот бренд Volvo во рамките на Македонија.

Домаќините ја искористија вчерашната прес-конференција да ни го покажат новото Volvo V60, но и да ни го најават новиот продажно-изложбен салон наменет токму за Volvo, кој се очекува да биде отворен во првата четвртина од следната година.

Секако, веќе се достапни сите модели кои Volvo ги нуди, па во тековниот салон можете да ги видите XC90, XC60, XC40, како и V40, V60 и големиот S90. Шведскиот бренд има навистина млада гама на автомобили, а технолошките решенија кои ги нудат се меѓу најнапредните на пазарот.

Ни останува само да им посакаме многу успех на нашите пријатели од Premium AGS, како и многу продадени автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.