Со новиот R8 LMS GT3, Audi го најавува и освежениот R8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со новиот R8 LMS GT3, Audi го најавува и освежениот R8!

Audi го претстави својот четврти „тркач“ во исто толку години – Audi R8 LMS GT3.

Според германскиот производител, во развивањето на R8 LMS GT3 е посветено внимание на постоечките клиенти, односно со нивен „фидбек“ се работело на снижување на трошоците потребни за автомобилот да функционира идеално на патеката.

Некои од промените во механиката се подобрено разладување на погонската единица, значително продолжен сервисен интервал на квачилото и менувачката кутија, како и низа промени низ целото возило за кои Крис Рејнке, главното лице на Audi Customer Racing, вели дека „се невидливи на прв поглед“.

Козметичките, но и функционални измени највеќе се задржуваат на аеродинамиката на R8 LMS GT3, со нов дизајн на предниот браник кој поефикасно пропушта ладен воздух до кочниците. Редизајнот на браникот дополнително ја зголемува потисната сила над предната оска со што овозможува совладување на свиоците со уште поголеми брзини.

Моторот за 2019-та година останува идентичен со минатогодишната изведба – V10 конфигурација која произведува 585 коњски сили. Погонската единица е речиси идентична со онаа во патничкиот R8 V10 и се произведуваат на истата производна лента. Цена? Брзината чини многу пари – 398.000 евра!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.