BMW i3 станува исклучиво електрично возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW i3 станува исклучиво електрично возило

BMW го намалува изборот на купувачите на малиот i3 – од постоечките 4 изведби, од кои две целосно електрични и две опремени со „range extender“ за дополнување на батериите, во понудата остануваат само целосно електричните модели.

Напредоци во производството на батерии, како и пазарни студии кои покажале дека клиентите се повеќе се движат кон целосно електрични возила се примарните причини за исфрлање на моделите опремени со бензински генератор – односно, мал мотор со капацитет од 650 кубни сантиметри наменет за дополнување на батериите. Моќноста на батериите се зголемува од 33kWh на 42.2kWh со што автономијата расте на импресивни 310 километри според новиот, реалистичен WLTP стандард на пресметка. Претходно, целосно електричниот i3 поминуваше 54 помалку километри на едно полнење.

Во официјална изјава од BMW се вели дека „со придобивките од помоќната батерија, како и распространетоста на станици за брзо полнење, веруваме дека побарувачката ќе се ориентира кон целосно електрични автомобили“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.