Ако сте во потрага по најбрзиот супер-седан на пазарот, ова видео ќе ви покаже точно за кој модел треба да се одлучите.
Магазинот Top Gear ги спротивстави перформансите на BMW M5, Mercedes-AMG E63 S и Porsche Panamera Sport Turismo Turbo S E-Hybrid на правец од 400 метри. Бројките од спецификациите на моделите прикажуваат дека E63 S и M5 располагаат со околу 600 кс, додека Panamera Turbo S E-Hybrid има 70 кс повеќе. Сепак, покрај предноста од поголемата сила, моделот на Porsche го забавува 400 килограми поголемата тежина.
Кој ќе победи во тробојот погледнете во видеото подоле!