BMW ја најави претстојната генерација на Серија 3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ја најави претстојната генерација на Серија 3

Со фотографија од официјалниот модел, баварскиот бренд ја најавува новата Серија 3 пред нејзината светска премиера на автомобилскиот саем во Октомври.

Иако досега BMW објавуваше официјални фотографии од тестните прототипи, ова е прва фотографија на која открива малку повеќе за претстојната генерација, а се чини дека истата го прикажува M340i Performance моделот. Од сликата можеме да видиме дека новиот автомобил ќе располага со поизразени LED светлосни групи, споени со поголеми „бубрези“ со поистакнати рабови.

Како и остатокот од гамата на Серија 3, новиот M340i M Performance ќе биде околу 55 килограми полесен од еквивалентниот модел од сегашната генерација. Дополнително на тоа, инженерите ја оптимизирале шасијата на возилото да биде покрута, а сепак да задржи совршена дистрибуција на тежината од 50:50 напред/назад.

Под поклопецот на M340i M Performance се очекува да се најде 3.0-литарскиот B58 агрегат со шест цилиндри поставени во ред, а ќе испорачува околу 360 кс и 500 Nm вртежен момент. Вообичаено, моделот ќе доаѓа сериски со погон на задните тркала и осум-степена автоматска трансмисија. xDrive погонот на сите тркала ќе биде понуден како опција, но не се знае дали ќе биде понуден и рачен менувач.

Најголемо внимание во развојот на новата Серија 3, инженерите на BMW посветиле на суспензијата. Затоа е развиен нов систем на дампирање кој одржува добар баланс помеѓу спортско и удобно возење. Моделите како M340 i M Performance ќе бидат опремени со M Sport суспензија која ја намалува висината на возење за 10 mm.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.