BMW со iNext официјално ја најавува својата електрична иднина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW со iNext официјално ја најавува својата електрична иднина

Автономниот електричен кросовер кој BMW го претстави во концептна форма, и кој го носи името iNext е многу повеќе од само најава – тој е многу блиску до серискиот модел кој ќе пристигне наскоро на пазарот и истовремено ја дефинира дизајнерската насока на баварскиот бренд.

Концептот го дефинира интересна силуета. Сините детали кажуваат дека се работи за возило со електричен погон, додека деталите од карбон кажуваат дека се работи за супер-лесен автомобил. Интересна е и поставеноста на „бурбрезите“ на BMW – бидејќи нема конвенционален мотор со внатрешно согорување, тие всушност само ги кријат сензорите потребни за автономната функционалност на автомобилот.

Ентериерот е исто така дизајниран да биде футуристички, но уште повеќе да биде како своевидна „дневна соба“ каде луѓето лесно ќе можат да поминат време. Стаклениот кров дозволува да влезе многу светлина а природни материјали како што се дрво и платно навестуваат „земјена“ атмосфера. Она што ни се допаѓа е дека нема премногу екрани и дисплеи, туку има проектори кои можат секоја површина да ја трансформираат во дисплеј.

Концептот е замислен да биде или целосно автономен во Ease режимот, или пак да биде управуван од возач во Boost режимот. Управувачот и контролите се повлекуват кога не се потребни. Сега за сега немаме никакви технички детали за концептот, но според најавите, iNext е навистина блиску до сериско производство – иако можеби не во толку екстремна концептна форма. Производството ќе започне во Dingolfing фабриката во 2021 – па за само неколку години ќе го гледаме iNext на улиците.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.