full screen background image
Search

Toyota ќе го понуди Yaris Hybrid во спортска GR Sport варијанта

Toyota го претстави новиот Yaris GR Sport, кој всушност ќе биде подинамична изведба на хибридниот градски хечбек, но истовремено е и првиот член на GR Sport гамата која ќе се нуди во Европа.

Тoyota Yaris GR Sport добива грст подобрувања – меѓу другото, добива Sachs амортизери кои е исти како кај Yaris GRMN, поцврст анти-рол бар и уште неколку додатоци. Со сето тоа, Yaris GR Sport е 11 милиметри поблиску до подлогата а дистанцата меѓу крилата и тркалата е намалена за цели 18 милиметри. Дел од пакетот се и ексклузивни 17-инчни тркала обвиени во Bridgestone Potenza RE50s спортски пневматици – истите како кај Yaris GRMN.

Екстериерот добива црн кров, заден спојлер, и многу црни детали на каросеријата. Кабината ќе добие спортски седишта со контрастни опшивки, како и помал управувач кој доаѓа од GT86. Под поклопецот се крие хибридниот погон од Yaris Hybrid кој комбинира 1.5-литарски бензинец со електромотор за вкупно 99 коњски сили. Силата се пренесува кон предните тркала преку CVT менувач.

Интересна комбинација, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.