full screen background image
Search

BMW ја забрзува електричната експанзија со Concept iX3

Ако досега електричните модели на BMW беа целосно одделени од „мејнстрим“ автомобилите – со iX3 тие доаѓаат на голема врата!

Концептот кој BMW го претстави во Пекинг е навистина блиску до сериско производство. Зошто? Затоа што всушност, она што го гледаме е веќе добро-познатиот X3 – но сега со електричен погон. Дизајнот е почист и со поедноставни линии – но веднаш се препознава дека „под кожата“ гледаме сериски автомобил.

Под поклопецот се крие електричен погон кој на iX3 му нуди 270 коњски сили, а батеријата е со капацитет од 70 kWh. Според она што го кажуваат од BMW, електричниот X3 ќе може да помине околу 400 километри со едно полнење – и тоа според новиот, построг WLTP тест за потрошувачка. Доколку имате моќен извор на електрична енергија со капацитет од 150 kW, батеријата ќе се полни за само 30 минути.

Но значајностите не завршуваат таму – со новиот iX3, BMW го покажува и најновиот, електричен погон од петта генерација. Погонот е со целосно-интегрирани електромотор, пренос и контролни модули во една компонента, а тоа го прави полесен, покомпактен и полесен за вградување во многу различни модели на возила – дури и возила кои иницијално биле проектирани да носат конвенционален мотор на внатрешно согорување.

Иднината станува сè поинтересна, нели?

Видео

Галерија

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.