BMW ги објави првите детали за M850i xDrive – Баварското мега-купе добива 530 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ги објави првите детали за M850i xDrive – Баварското мега-купе добива 530 коњски сили!

Иако баварците не ги објавија сите детали, очекуваме големото купе да може да стигне „до стотка“ за околу 4 секунди!

Луѓето од BMW не штедат на зборови кога зборуваат за новиот M850i xDrive – тие го опишуваат како совршено балансиран пакет кој „нуди фасцинантни спортски карактеристики и врвен комфор“, а под поклопецот ќе се најде „целосно редизајниран V8 мотор“ кој испорачува 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Колку за споредба, тоа е 68 коњски сили и 100 Nm повеќе од моторот кој се вградува во други модели на брендот.

Иако сега за сега не објавуваат други детали, познавачите сугерираат дека забрзувањето до 100 километри на час ќе трае помалку од 4 секунди, и дека големото купе ќе дојде опремено „до заби“ со сета опрема која е потребна за брзо возење – како што е систем за кативно управување, адаптивна М-суспензија и многу, многу други додатоци. Од BMW најавуваат и спортски издувен систем кој „автентично ќе ја рефлектира испораката на сила на автомобилот.“

Премиерата се очекува да се случи на средината на Јуни, а продажбата би требало да започне до крајот на оваа година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.