ОФИЦИЈАЛНО: BMW M2 Competition – 410 коњски сили, 550 Nm, „стотка“ за 4 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: BMW M2 Competition – 410 коњски сили, 550 Nm, „стотка“ за 4 секунди!

BMW официјално го претстави новиот М2 Competition – верзијата со која малиот M2 ќе ги покаже своите вистински таленти!

Интересно е што M2 Competition целосно ќе го замени M2 Coupe. Новиот автомобил ќе го препознаете по изменетиот преден браник со поголеми отвори за воздух, а визуелните измени продолжуваат со нови, поаеродинамични странични ретровизори, завршетоци на издувниот систем во црн хром и нови 19-инчни тркала обвиени во Michelin Pilot Super Sport пневматици.

Ентериерот исто така добива мали модификации – купувачите ќе добијат нови M Sport седишта со осветлено M2 лого во наслонот, а дел од пакетот е и црвено старт-копче и нов спортски управувач со M прекинувачи, и уште неколку ситници.

Сепак, најважен новитет е моторот – како што веќе пишувавме, M2 Competition добива малку модифицирана верзија од 3-литарскиот линиски твин-турбо 6-цилиндерски бензинец кој се вградува во M3 и M4, и кој во оваа конфигурација испорачува 410 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Комбинирајте го со мануелен менувач и забрзувањето „до стотка“ трае 4.2 секунди, но одберете го 7-брзинскиот автоматик со двојна спојка и таа бројка паѓа на рамно 4 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, односно 280 километри на час со M Driver’s Пакетот.

Доволно брзо? Ако се прашуваме ние, таман!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.