Запознајте ги TOYO пневматиците во Скопје City Mall – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Запознајте ги TOYO пневматиците во Скопје City Mall

Следните неколку дена ќе имате одлична можност одблиску да ги запознаете пневматиците на јапонскиот производител TOYO – и тоа во Скопје City Mall!

Нашите пријатели од Еуроимпекс Ве покануваат да ги посетите во Сити Мол и да се запознаете со продуктите на јапонскиот производител на пневматици – Toyo.

Во моментов имаат продажна акција, во која за три купени пневматици добивате четири – одлична можност да дознаете нешто повеќе за производите на Toyo. Оние кои сакаат спортско возење веќе добро ги познаваат легендарните Toyo T1R, како и Toyo R888, а тука се и новите R888R кои ветуваат уште подобри перформанси.

Секако, Toyo нуди и пневматици за „цивилно“ возење, како и зимски пневматици. Тука можат да се пофалат со Proxes CF2, Proxes Sport и зимските Snowprox, а во понудата се и теренските, како и пневматиците за комерцијални возила.

Посетете го изложбениот простор на Toyo во Сити Мол и дознајте повеќе!

Извор: PR Toyo

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.