full screen background image
Search

Volvo XC90 e најбезбедното возило во историјата на Велика Британија

Изминативе 16 години ниту еден возач или патник во Volvo XC90 нема загинато во сообраќајна несреќа!

Volvo XC90 се продава во Велика Британија веќе 16 години, и за тие 16 години ниту еден возач ниту патник во големиот шведски SUV нема настрадано на тамошните патишта. Всушност, новиот XC90 е прогласен за најбезбедниот автомобил кој некогаш бил тестиран од Thatcham Research.

Од неговото лансирање во 2002, во Велика Британија се продадени повеќе од 50.000 примероци, и истражувачите кажуваат дека безбедноста во голем дел се должи и на навременото прифаќање на системи и технологии кои ги детектираат потенцијалните ризици и му асистираат на возачот во нивно избегнување. Меѓу овие системи се вбројува и Autonomous Emergency Braking системот кој автоматски може да го запре возилото и да спречи несакана ситуација.

Понатаму, тука се и адаптивниот темпомат, системите кои препознаваат пешаци и многу, многу други безбедносни системи. Според Thatcham Research, токму AEB е една од најважните иновации по воведувањето на безбедносниот појас – кој е задолжителен во Обединетото Кралство од 1965-та година. Дополнително, тие кажуваат дека AEB може да спаси околу 1100 животи годишно во следните 10 години – истражувањата покажуваат дека AEB го намалува ризикот од судар за дури 38%!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.