full screen background image
Search

КОНЦЕПТ: Volkswagen Atlas Cross Sport ги опипува водите за „народен“ купе-SUV.

Големиот SUV со име Atlas се продава само на северноамериканскиот пазар – но Volkswagen сега размислува да воведе уште една изведба и можеби и да ја понуди ширум светот.

Всушност, Atlas Cross концептот е повеќе од само „опипување на водите“ – од Volkswagen кажуваат дека Atlas Cross Sport е концепт кој има огромни шанси да влезе во сериско производство – и тоа веќе следната година. Atlas Sport Cross на почетокот би се нудел само во САД, но челниците на групацијата размислуваат да го понудат и глобално доколку продажните резултати го оправдаат тоа.

Инаку – концептот е навистина блиску до сериски модел. Atlas Cross Sport има поспортски лик од Atlas, добива уникатни LED предни светла, закосена кровна линија, мускулести линии, голем спојлер и гоооолеми 22-инчни тркала.

Како што и можеме да претпоставиме, концептот е придвижуван од хибриден погон – 3.6-литарски V6 бензинец, два електромотори и литиум-јонска батерија со капацитет од 18 kWh. Сето тоа резултира со комбинирана моќност од 355 коњски сили, забрзување до 100 километри на час за околу 5.5 секунди и максимални 209 километри на час – но и можност за поминување до 42 километри само на електрична енергија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.