full screen background image
Search

Премиера: Maserati Levante Trofeo – италијански супер-SUV со 590 коњски сили!

Maserati цели директно кон Cayenne Turbo со новиот Levante Trofeo R – а перформансите кои ги нуди до неодамна беа резервирани за супер-автомобилите!

Под поклопецот на Levante Trofeo се крие 3.8-литарски твин-турбо V8 бензинец развиен и направен од Ferrari. Моторот испорачува 590 коњски сили и 730 Nm вртежен момент – благодарение на кои Levante Trofeo забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди и постигнува максимална брзина која е повисока од 300 километри на час.

Секако, приказната не завршува таму – Levante Trofeo добива екстремен бодикит со Matrix LED предни светла, црна маска на ладилникот и големи отвори за воздух. Посветено е внимание и на суспензијата и сопирачките, а целиот автомобил го красат многу уникатни спортски детали. Сликата ја заокружуваат големите 22-инчни ковани тркала (кои воедно се и најголемите тркала некогаш ставени на модел на Maserati).

Според Maserati – Levante Trofeo нуди „вистинско Maserati возачко искуство.“ Со оглед на перформансите и високите амбиции на Maserati, сигурни сме дека тоа е така. Levante Trofeo ќе почне да се произведува ова лето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.