full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jaguar F-Pace SVR – За оние кои сакаат SUV со „ракетен погон“!

Сакате супер-SUV со преку 500 коњски сили? Момците и девојките од SVR се подготвени да одговорат на вашето барање со новиот F-PACE SVR кој нуди 550 коњски сили и 680 Nm вртежен момент!

Рецептот на инженерите на SVR е прилично едноставен – земете го Jaguar F-Pace, во него додајте го добро-познатиот 5-литарски компресорски V8 кој веќе се користи во неколку други модели на групацијата, навијте го на 550 коњски силии 680 Nm вртежен момент – и добивате SUV кој забрзува „до стотка“ за 4.1 секунда и постигнува максимални 283 километри на час!

Секако, измените не завршуваат таму – па F-Pace SVR добива и поагресивен бодикит, целосно ревидирана суспензија, нови сопирачки и ветување од Jaguar дека ќе биде меѓу најдинамичните вакви автомобили на планетата. За ова да се постигне, покрај ревидираната суспензија, F-Pace SVR добива и пошироки тркала во димензии од 21 или 22 инчи, електронски заден диференцијал и рекалибрирани системи за стабилност.

Сето ова ветува многу – да се надеваме дека ќе го видиме F-Pace SVR и кај нас!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.