full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai го претстави освежениот Tucson

Hyundai го искористи Саемот на Автомобили во Њу Јорк да го претстави фејслифтот на својот супер-популарен SUV.

Меѓу новитетите кои ги носи со себе освежениот Tucson се и две нови погонски единици – кои најверојатно ќе се нудат само во САД. Едниот мотор е 2-литарски бензинец со директно вбризгување кој испорачува 165 коњски сили и 205 Nm вртежен момент, а вториот мотор е 2.4-литарски бензинец со директно вбризгување кој нуди 165 коњски сили и 238 Nm вртежен момент. Најверојатно понудата на погонски единици во Европа ќе остане непроменета.

Визуелните измени не се драматични – препознаваме дискретно редизајнирани предни светлосни групи и преден браник и мало затегнување на задниот дел, каде задните светла добиваат поедноставна, попривлечна форма.

Многу се поважни измените во кабината – дизајнерите од Hyundai очигледно сакале да ја доведат кабината во линија со другите модели на брендот, па ќе препознаете детали кои очигледно влечат инспирација од новиот i30. Освежениот Tucson добива целосно-нова централна конзола со мултимедијален уред поставен на екран на самиот врв. Под него се поставени отворите и контролите за клима уредот. Забележуваме и дискретно освежени инструменти, а преместена е и рачката од менувачот. Мултимедијалниот уред добива и Apple CarPlay и Android Auto можности за поврзување.

Освежениот Tucson ги добива сите најнови безбедносни технологии кои ги нуди Hyundai – автоматска регулација на долгите светла, Front Collision Avoidance Assist со можност за препознавње пешаци, систем за автоматско сопирање и следење на коловозната лента, паметен темпомат, итн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.