Скопјани добиваат еко-автобус, и тоа Mercedes! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Скопјани добиваат еко-автобус, и тоа Mercedes!

Граѓаните на Скопје наредните два месеци на линијата број 5 ќе можат да се возат во еко-автобус кој работи на природен гас – благодарение нашто троши двојно помалку кориво од класичните автобуси и скоро воопшто не загадува!

Градоначалникот Шилегов и Михаило Зографски – директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар – потпишаа договор за пробно користење на автобус Mercedes на гас во градскиот превоз. Потпишувањето беше во просториите на изложбено продажниот салон на Мак Аутостар каде што присуствуваа и директорот на ЈСП „Скопје“, Кристијан Чушков и претставникот на Мерцедес од Германија, Дарко Цвијановиќ.

„Скопје заслужува автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните коишто го користат. За таа цел потпишавме договор со Мак Аутостар за пробно користење на автобус на гас од производителот Mercedes-Benz за период од два месеци. Автобусот е направен по последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас.“ – истакна Шилегов.

Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус ќе троши речиси 50% помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП. А најголема предност на овој автобус е тоа што емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

„Минатиот месец потпишавме договор за пробно користење на електричен автобус за период од шест месеци, наменет за линија 15, а овој автобусот наредниве 2 месеци ќе сообраќа на линија број 5. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Наша заложба е креирање јавен транспорт кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот“ – нотираше Шилегов.

Поврзано:  Mercedes-Benz CLE Cabriolet пристигна во салонот на Мак Аутостар

Новиот Mercedes-Benz Citaro NGT испушта помалку издувни гасови од Еуро 6 моторите и со тоа загадувањето е сведено на минимум. Овој автобусот има систем за автоматско „клекнување” на возилото на автобуски постојки, сензори за светло и за дожд, приклучоци за полнење мобилни телефони, како и видеокамери за да се следи делот кај возачот и делот за евиденција на билетите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.