full screen background image
Search

Porsche го претстави електричниот Mission E Tractor!

Дали сте знаеле дека своевремено, германскиот производител на спортски автомобили произведуваше и механизација за земјоделство?

Овој Април, Porsche одлучи да ја соедини својата историја со иднината, и вчера, токму на први Април реши да понуди електричен трактор! Концептот се вика Mission E Tractor, и е најава за една од насоките во кои ќе се движи германскиот бренд во иднина.

Не само што е футуристички, туку Mission E Tractor е и моќен и практичен. Според Porsche, концептот располага со повеќе од 700 електрични коњски сили, и нуди можност за брзо полнење. Според Porsche, Mission E Tractor е „најбрзо-забрзувачката земјоделска машина во светот.“

Па добро… :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.