full screen background image
Search

Toyota го најавува новиот RAV4!

Јапонскиот производител најави дека на крајот на овој месец ќе ја претстави најновата генерација на својот популарен SUV – Rav4!

Со оваа фотографија, Toyota најави дека на Саемот на Автомобили во Њу Јорк ќе ја претстави најновата генерација на Rav4. Премиерата на петтата генерација на Rav4 е закажана за 28ми Март – односно за само две седмици.

Rav4 е еден од најпопуларните модели на Toyota, па јапонскиот производител оправдано инвестира многу токму во него. Најновата генерација ќе биде со похрабар и помодерен дизајн. Не е потврдено, но најверојатно ќе ја дели платформата со C-HR (кој ние веќе го возевме) и Lexus UX (кој тукушто беше претставе на Саемот на Автомобили во Женева).

Останува да почекаме уште малку до премиерата – а во меѓувреме, прочитајте го нашиот тест на тековниот Rav4 во хибридна изведба.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.