Volkswagen во Женева ќе најави нов електричен седан со I.D. Vizzion концептот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen во Женева ќе најави нов електричен седан со I.D. Vizzion концептот!

Volkswagen го најавува четвртиот член на I.D. семејството со Vizzion Concept – а со него најавува голем, електричен седан!


Според она што го кажуваат од Volkswagen, 5.11 метри долгиот концепт најавува „седан од премиум класата“ – а со тоа најавуваат борба со веќе-постоечки, но и идни конкуренти во овој сегмент.

Скиците најавуваат интересен дизајн – ќе добиеме контрастна боја на кровот и големи тркала (кои ќе го истакнат динамичниот став на возилото), како и задни врати кои се отвораат наназад. Кабината нуди четири засебни седишта и модерно окружување. По скиците можеме да препознаеме дека се работи за автономен автомобил – нема класичен управувач, ниту пак педали. Според најавеното, ова ќе им овозможи на патниците „слободно да го структурираат своето време додека се возат.“

Кабината ќе нуди и вештачка интелгенција во форма на „Виртуелен Домаќин“. Ова ќе им овозможи  на патниците да комуницираат со автомобилот преку гласовни команди и гестикулации. „Домаќинот“ ќе ги учи навиките на патниците и ќе се адаптира кон секој посебно.

I.D. Vizzion Concept ќе биде придвижуван од два електромотори кои испорачуваат вкупно 306 коњски сили кон двете оски. Максималната брзина ќе биде 180 километри на час, а батерискиот модул со капаитет од 111 kWh ќе овозможи автономија од 665 километри меѓу две полнења.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.