Peugeot во Женева ќе претстави нов бренд-амбасадор! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot во Женева ќе претстави нов бренд-амбасадор!

Новиот бренд амбасадор на Peugeot ќе биде лав во монументални пропорции, кој ги симболизира гордоста, силата и успехот на брендот и неговата 200-годишна историја.


Ова спектакуларно уметничко дело е направено од дизајнерите на Peugeot Design Lab, и скулптурата е замислена како своевиден независен бренд амбасадор кој треба гордо и јасно да ги пренесе вредностите на францускиот бренд. Големиот лав е долг 12.5 метри и висок 4.8 метри. Тој ја отелотворува гордоста на целиот бренд – односно, гордоста за издигнувањето на Peugeot кон стандард на квалитет без компромиси.

Лавот е амблем на Peugeot веќе 160 години, и за прв пат се користи во 1858-мата година. Тој ги симболизирал трите квалитети на сечилата наменети за пили со кои започнала компанијата Peugeot – флексибилноста, силата на забите и  брзината на сечењто, а стрелата на која бил поставен лавот ја симболизирала брзината.

Мисијата на дизајнерите од Peugeot Design Lab со оваа скулптура била не само да се истакне гордоста на брендот, туку и да се искористи целата експертиза на Peugeot за да се развијат не-автомобилски продукти и да се работи за клиенти надвор од светот на автомобилите.

„Дизајнерите направија иконски, безвременски дизајн со овој монументален лав, со флуидни, скулптурирани површини. Неговите спектакуларни димензии го стакнуваат цврстиот, моќен и бестрашен карактер на Лавот. Неговиот став – исправен, се движи нанапред, но без агресија – пренесува чувство за мир и доверба во иднината“ – изјави Gilles Vidal, одговорниот за дизајн во Peugeot.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.