full screen background image
Search

Регулаторна ги намали цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите, пониски цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат во просек за 6.19%.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за 2.50 денари. Од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 65.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67.00 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 57.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.