2017 беше рекордна година за Volvo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2017 беше рекордна година за Volvo!

Шведскиот производител се пофали со одлични бројки за минатата година – всушност, 2017 беше рекордна година за Volvo!


Volvo Cars објави рекордна продажба на возила во 2017. Глобалната продажба кај производителот на премиум возила е зголемена за 7 отсто во однос на 2016 година, односно продадени се 571.577 возила. Главен двигател на растот е растечката популарност на SUV моделите, но и популарноста на новите XC60 (кој веќе беше претставен кај нас) и XC90 – големиот SUV кој нам ни е добро познат.

За речиси 21 отсто е зголемена продажбата во азиско-пацифичкиот регион, како резултат на рекордните перформанси на најголемиот пазар на Volvo – Кина. Таму продажбата е зголемена за 25.8 отсто во споредба со 2016 година. Во меѓувреме, продажбата во Европа, на Средниот Исток и во Африка порасна за 3.3 отсто, додека во регионот на Америка порасна за 0.7 отсто во 2017 во споредба со 2016 година.

Изминатата година беше многу важна за Volvo Cars. Се појави новиот XC60 кој го замени најпродаваниот модел на компанијата и најпродаваниот SUV во Европа, премиерно прикажан на Саемот во Женева во Март 2017. Дополнително, Volvo најави електрификација на сите возила што ќе почне да ги произведува од 2019 година и тврди дека секое возило ќе има електричен мотор. Со ова се означува крајот на автомобилите што имаат само мотор со внатрешно согорување. Во насока на електрификација, Volvo го лансираше Polestar, новиот самостоен електрифициран автомобил – целосно направен во Volvo Car Group.

Volvo Cars, исто така, го продлабочи своето партнерство со Geely Holding преку создавање компанија за заедничко вложување за да обезбеди побрз развој на електрифицирана технологија од следната генерација. Volvo, исто така, објави дека ќе преземе 30 отсто од акциите на новиот бренд на LYNK&CO на Geely, базиран на заедничката модуларна архитектура на двата ентитета.

Поврзано:   Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор

Во Септември 2017 година беше претставен XC40 – првата Volvo понуда во брзорастечкиот мал сегмент од SUV. Volvo, исто така, измисли нов модел за пристап до автомобили преку услуга со претплата „Care by Volvo“, што го прави автомобилот транспарентен, лесен и достапен како да имате телефон. Овој концепт е воведен со новиот XC40.

Volvo Cars продолжи со изградба на новата фабрика за производство во Јужна Каролина, САД, каде освен претстојниот S60 седан, од 2022 година ќе се произведува и следната генерација XC90. Вкупната инвестиција на Volvo Cars во нејзините производствени операции во САД изнесува над 1,1 милијарда американски долари и за 4.000 ќе ги зголеми вкупните нови работни места.

Кон крајот на 2017, Volvo Cars отвори сосема нов пазар, потпишувајќи рамковен договор со Uber за продажба на десетици илјади автономни компатибилни базни автомобили за возење за компанијата од 2019 до 2021 година.

Извор: PR Volvo



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.