ПРЕМИЕРА: Hyundai го претстави новиот Veloster – доаѓа и N-изведба со 275 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai го претстави новиот Veloster – доаѓа и N-изведба со 275 коњски сили!

По неколкуте најави, Hyundai ја претстави втората генерација на своето несекојдневно купе – а Veloster N ќе се бори со врвните хот-хечови благодарение на 275 коњски сили!

Новиот Veloster ја задржува истата несекојдневна конфигурација како и првиот модел – од едната страна ќе има само една врата, а од другата страна две. Дизајнот го дефинираат аватнгардни линии – на предниот дел доминираат големите отвори за воздух, а на задниот големиот дифузер, завршетоците на издувниот систем и дискретниот спојлер.

Во САД, основниот Veloster ќе се нуди со 2-литарски бензинец кој испорачува 147 коњски сили и 178 Nm вртежен момент, но за ентузијастите далеку поинтересен е Veloster Turbo кој користи 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 201 коњска сила и 265 Nm вртежен момент, односно 275 со Overboost модулот.

За вистинските ентузијасти, тука е Veloster N кој го користи истиот 2-литарски турбо-бензинец од i30 N. Тука моторот испорачува 275 коњски сили и 353 Nm вртежен момент кои ги испорачува кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач. Перформансите не се објавени, но очекуваме да бидат блиску (ако не и подобри) од оние на i30 N – а тоа значи „стотка“ за 6.1 секунда. Veloster N ќе го препознаете благодарение на екстремниот бодикит и многуте уникатни детали – спортските браници и странични прагови, голеееемиот заден дифузер и големиот спојлер, како и големите „топови“. Кабината добива специјални N-седишта и други детали, а продажбата се очекува да започне во Септември оваа година.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.