Audi размислува за големо луксузно купе и електричен Q2 со продолжено меѓуоскино растојание. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi размислува за големо луксузно купе и електричен Q2 со продолжено меѓуоскино растојание.

Водени од интересот за големиот A8 и понудата на конкуренцијата, Audi размислува да понуди големо луксузно купе кое ќе одговори на ваквиот предизвик, но и поголем Q2 со електричен погон кој би се понудил во Кина.


Во разговор со Autocar, Marc Lichte од Audi откри дека е голем обожувател на возилата со две врати, но дека во овој момент нема толку голема побарувачка. „Ги сакам формите на купеата со две врати, но вистината е дека продажните бројки ќе бидат многу помали од оние со четири врати. Но во иднина? Не се знае, имаме многу идеи во таа насока.“

Изјавата на Lichte – иако намерно двосмислена – оди во прилог на гласините кои кажуваат дека Audi сака да понуди директен конкурент на Mercedes-Benz S-Class Coupe и новата Series 8 на BMW. Ако големото купе (кое би влечело инспирација од Prologue концептот кој Audi го прикажа во 2014) добие зелено светло, би го виделе на пазарот во 2019 или 2020 – Audi во меѓувреме има поважни модели кои треба да ги лансира, вклучувајќи го и големиот Q8.

Static photo,
Colour: Coral Orange

Кога веќе зборуваме за Q-моделите, интересни се и гласините дека Audi подготвува електричен Q2 (ние веќе го возевме конвенционалниот модел). Годинава се очекува Q2 L верзија со продолжено меѓуоскино растојание која би се понудила во Кина, а понатаму се планира да се понуди и E-Tron верзија која би го заменила класичниот мотор со внатрешно согорување, со модерен електричен погон. Според некои познавачи, батерискиот модул кој би се вградувал во електричниот Q2 L би понудил автономија од околу 500 километри.

Поврзано:  Во салонот на Audi е изложен електричниот Q4 e-tron

Сепак, сега за сега ова се само гласини – но не би биле изненадени доколку навистина видиме електричен Q2 L – кинескиот пазар е меѓу најголмите пазари на електрични возила, па вртење во таа насока е сосем логичен чекор за било кој бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.