Porsche „облече“ пет примероци на Macan во класични тркачки шари – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche „облече“ пет примероци на Macan во класични тркачки шари

Porsche ги искористи тркачките шари од успешните модели од Le Mans за да украси пет примероци од Macan.

Првиот од нив ја носи најпознатата Martini Racing шема со црвена, светло сина и темно сина линија над бела боја. Вториот е во класичната Rothmans шара од бел горен и темно син долен дел, кои ги делат златна и црвена линија.

Тука е и еден модел со Gulf шема – светло сина боја со портокалови линии. Последните примероци ги носат Salzburg design во црвена и бела боја, како и чудната Pink Pig (розево прасе), со испрекинати линии кои покажуваат каде касапот треба да сече.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.